Мојес: Среќен сум што сум повторно дома, Вест Хем е мој клуб

Давид Мојес ќе го наследи Мануел Пелегрини на клупата на Вест Хем, клуб кој претходно го водеше и во периодот од 2017 до 2018 година.

„Неверојатно е да се вратиш во свој клуб. Се чувствувам како дома и горд сум што сум повторно тука. Најважно е, сепак, дека ќе гледам да ја подобрам играта на тимот“ – истакна Мојес по промоцијата на клупата на Вест Хем.

Вест Хем во моментов е на 17.место во Премиер-лигата со само 19 освоени бода по исто толку одиграни кола. Дебито ќе го има на 1. јануари против Бурнмаут на домашен терен. Во досегашната кариера Мојес ги водеше и Сандерленд, Реал Сосиедад, Манчестер јунајтед и Евертон.

Се вчитува...