Словенија со убедлива победа над Ангола од 118-68 го стартуваше квалификацискиот турнир за пласман на Летните олимписки игри во Токио. Словенците уште од самиот старт ја покажаа разликата во квалитет и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да се врати во мечот.
Лука Дончиќ беше вистински лидер на својот тим, а натпреварот го заврши со 13 поени, надополнети со девет асистенции и шест скока и тоа за само 17 минути поминати на паркетот. Кај поразените најдобар беше Мореира со 15 поени.
Easy as 1️⃣, 2️⃣, 3️⃣.
The 🇸🇮 Maestro, @luka7doncic!#FIBAOQT | @kzs_si 🇸🇮 | @dallasmavs
📺 https://t.co/anQNE2HGRA pic.twitter.com/A9kTAf9ZbL
— FIBA (@FIBA) June 30, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА