Панама се пласира на Светското првенство во Русија, откако ја совлада Костарика со 2-1. Роман Торес го постигна победничкиот гол во 88.минута, но цела Панама го слави момчето што додаваше топки.
По примениот гол, Костарика тргна во фуриозни напади кон голот на Панама, а во еден момент, момчето што додава топки истрча крај аут – линијата и ја шутна топката далеку наместо да ја врати назад за фудбалерите на гостинската селекција. Срамен потег од спортски аспект, но ’херојски’ кога е Панама во прашање…
Trabajo en equipo nivel: la banca de #Panamá pic.twitter.com/mb5GrV7X3r
— Juan Felipe Celia (@jfcelia) October 11, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА