Монако го ангажираше екс-директорот на Челси

Михаел Еменал официјално стана нов технички директор на Монако, три недели откако ја напушти директорската функција на англискиот првак Челси. Еменало како прв советник на потпретседателот Вадим Василијев, ќе раководи со трансферите на актуелниот француски шампион.

„Монако покажа огромен напредок во изминативе сезони, сигурен сум дека и во иднина ќе продолжат со истите амбиции, сметам дека ова е вистинска прилика за мене да работам на ваков квалитетен проект. Секако ме привлече и довербата на Василијев која ја има во мене, па така не ми требаше многу време да ја прифатам работата која ми ја понуди овој клуб откако ја прекинав соработката со Челси“, истакна Еменало.

За време на неговиот десетгодишен престој на „Стемфорд бриџ“, Челси три пати ја освојуваше Премиер – лигата, исто така се закити со три ФА купови, еден Лига куп, како и освојувањето на Лигата на Шампиони и Лигата на Европа во 2012, односно 2013 година. Еменало имаше повеќе функции во таборот на „сините“ пред да биде унапреден во технички директор во 2011 година.

52-годишниот Нигериец со менаџерско искуство беше еден од најзаслужните за успешните трансфери на многу ѕвезди во Челси, како Еден Азар, Тибо Куртоа, Нголо Канте и други.

  

Се вчитува...