Монако им се врати на победите против Каен

Фудбалерите на Монако по пауза од две кола повторно победуваат во Франција. „Кнезовите“ на домашен терен успеаја да го совладаа Каен со 2-0, и се доближија на негатива од три бода во однос на лидерот ПСЖ, кој утревечер гостува на „Велодром“ против Олимпик Марсеј.

Кеита Балде го постигна првиот гол за Монако на овој меч во 21.минута, а трите бода ги осигура Радамел Фалкао со реализација од пенал во 59.минута од средбата.

Се вчитува...