Монако сака да го избрка Фабрегас, па тој им испрати брутална порака

Монако се обидува да го избрка најскапиот фудбалер во своите редови, Сеск Фабрегас, чиј договор со клубот завршува во јуни 2022 година.

Но, во францускиот клуб се надеваат дека Шпанецот ова лето ќе добие примамлива понуда и ќе го напушти клубот. Главна причина е тоа што Фабрегас има огромна плата, па Монако со неговото заминување сака да го растерети буџетот.

Сепак, на Фабрегас оваа идеја не му се допаѓа. Па, имаше интересна објава на Твитер преку која многумина сметаат дека сака да им испрати порака на челниците на клубот дека се обидуваат да избркаат светски шампион.

„Имав дебата со соиграч на тема што повеќе сакате да освоите: Светско првенство или три пати Лига на шампиони“ – напиша Фабрегас.

 

Се вчитува...