Монако си го најде „новиот Мбапе“ (видео)

Се уште е неизвесно дали Килијан Мбапе летово ќе остане или ќе си замине од Монако, но „кнезовите“ веќе доведоа нов фудбалски бисер кој би го наследил суперталентираниот офанзивец. Станува збор за Жорди Мбула, големиот талент од школата на Барса кој на 18 години си замина од „Ла Масија“ и потпиша петгодишен договор со новиот француски првак.

Станува збор за играч кој настапува за младинските селекции на Шпанија, а кој импресионира со својата брзина, како и со техниката. Доказ за неверојатната брзина е неговиот премиерен гол во дресот на Монако, постигнат на пријателскиот меч со Сент Полтен, кога ги остави зад себе противничките дефанзивци, пред рутински да ја затресе мрежата.

Мбула дефинитивно е огромен талент, а тренерот Жардим веќе покажал дека знае ваквите бисери да ги претвори во фудбалски мегаѕвезди.

Се вчитува...