Монако во 95. минута „потклекна“ пред Лион… (видео)

Фудбалерите на Лион му го нанесоа и вториот пораз на Монако сезона, славејќи со 3-2 во првиот натпревар од 9. коло во француската Прва лига.

Монако се повеќе заостанува во битката со ПСЖ за лидерската позиција во Лига 1, откако и вечерва не успеа да стигне до триумф на гостувањето против Лион. Монако во два наврати во првото полувреме се враќаше од негативата на мечот, но не успеа и по трет пат откако домашните постигнаа победнички гол преку Фекир во 95. минута директно од слободен удар.

Претходно, главно возбудувањата на дуелот се случија во првото полувреме кога имаше четири погодоци…

По овој пораз, Монако со 19 бода остана на второто место, со три бода помалку и натпревар повеќе од водечкиот ПСЖ. Лион е со 16 бода на делба на третата позиција.

Се вчитува...