Монпелје без најдобриот играч на мегдан со Вардар

Оваа сезона е максимално малерозна за Диего Симоне, откако плејмејкерот на Монпелје веднаш по враќањето на терените заработи нова повреда. Ова значи дека Аргентинецот ќе ги пропушти последните две средби од групната фаза во Лигата на шампионите, вклучувајќи го и гостувањето во последното коло против Вардар

МВП-ракометарот од последниот фајналфор турнир во Келн настапи за Монпелје на саботниот дуел со Кјелце, но потоа поради повреда мораше да биде заменет и воопшто не се врати на теренот.

Се чини дека станува збор за обновување на старата повреда. Ако е тоа случај, ќе значи и нова подолга пауза за Симоне“ – изјави тренерот Канаје.

Монпелје е во трка со Брест Мешков за шестото место во групата, и двете екипи имаат по седум бода, а актуелниот европски првак во последните две кола се среќаваат со Барселона и со Вардар.

Се вчитува...