Монреал го напушти Арсенал и се врати во Шпанија

Начо Монреал повеќе не е член на Арсенал откако шпанскиот дефанзивец денеска го комплетираше трансферот во таборот на Реал Сосиедад. Унаи Емери сметаше на својот сонародник во таборот на „топчиите“, но Монреал влезе во последната година од договорот, поради што лондонскиот клуб реши да го продаде наместо следното лето тој да си замине без никаква отштета од „Емирати“.

Раководството на Реал Сосиедад во изминатите десетина дена преговараше со „топчиите“, за денеска да биде постигнат договор, по што и двата клуба го официјализираа трансферот. Монреал потпиша двогодишен договор со баскијскиот клуб и веќе денеска ќе отпатува за Сан Себастијан, напуштајќи ги подготовките на Арсенал за утрешниот дерби-меч со Тотенхем.

Начо Монреал пристигна во Арсенал од редовите на Малага во јануари 2013 година. Тој одигра 250 натпревари за „топчиите“, постигнувајќи десет погодоци.

Се вчитува...