Монтејунас останува за уште посилен Монако

Освојувачот на бронзениот медал во Евролигата, Монако по сензационалниот трансфер на Кемба Вокер го потврди и продолжувањето на договорот со Донатас Монтејунас.

Триесетидвегодишниот литвански центар кој претходната сезона бележеше просек од 9.2 поени и 4.5 скокови потпиша едногодишен договор со што ја продолжи соработката која трае од 2021 година.

По историскиот успех на францускиот клуб предводен од српскиот стратег Саша Обрадовиќ во новата сезона се очекува уште поконкурентен тим кој овој пат ќе се обиде да се пласира во самото финале.

Се вчитува...