Монтела: Не знам ништо за Шкендија

Тренерот на Милан, Винченцо Монтела, призна дека нема никакви сознанија околу квалитетите на Шкендија откако „росонерите“ го добија токму македонскиот вицепрвак за противник во последното квалификациско коло пред групните фази во Лигата на Европа.

„Искрено, не знам ништо за Шкендија, но во секој случај ќе имаме доволно време за да го анализираме овој противник. Во моментов луѓето од клубот се ангажираат за да ги најдат најдобрите конекции за патување“ – беше кратката изјава на Монтела по денешниот ждреб.

Со оглед на фактот дека и Шкендија и Вардар беа извлечени да бидат домаќини во првите натпревари, останува да се види дали УЕФА ќе реши да промени една од овие две средби, или пак едниот македонски тим ќе игра во вторник, а другиот во четврток.

Се вчитува...