Монца го зема скалпот на Наполи, пораз и на Удинезе

Фудбалерите на Монца стигнаа до нова сензационална победа во сезоната откако во 35. коло славеа против шампионот на сезоната Наполи со 2-0. До победа домаќините ги предводеа Дени Мота и Петенга со голови во 18. и 53. минута.

Македонскиот интернационалец Елиф Елмас го започна натпреварот, а одигра 62. минута пред да биде заменет од Политано.

Пораз од 2-0 од Фиорентина претрпе и Удинезе на македонскиот напаѓач Илија Несторовски. Во натпревар во кој прилепчанецот одигра 90. минути до победа „лалињата“ ги предводеа Кастровили со гол во 7. минута и Вонавентура во 90. минута.

Се вчитува...