Морант е кошаркарот со најголем напредок сезонава во НБА

Ѕвездата на Мемфис Гризлис, Жа Морант ја доби наградата за кошаркар со најголем напредок сезонав во НБА лигата. Со освојувањето на ова признание тој стана првиот кошаркар во историјата кој успеал да ги обедини титулите за најдобар новајлија која ја освои во 2020 година и оваа за кошаркар со најголем напредок.

Во својата трета сезона Морант покажа дека ќе биде голема НБА ѕвезда. Го водеше тимот на Мемфис до второто место во Западната конференција просечно бележејќи по 27,4 поени и 5,7 скока по натпревар.

 

Се вчитува...