Морант херој за Мемфис, Мајами ја елиминираше Атланта (ВИДЕО)

Мемфис Гризлис поведе со 3-2 во серијата во западната конференција против Минесота Тимбервулвс, откако синоќа во еден крајно интересен натпревар славеше на домашен терен со 111-109.

Херој за домаќините беше Жа Морант кој натпреварот го заврши со 30 поени, додека кај поразените недоволни беа 28 поени на Карл Ентони-Таунс.

До водство од 3-2 во серијата на западот стигна и Феникс кој беше подобар од Њу Орлеанс со 112-97. Мајкал Бриџис со 31 поен беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Брендон Инграм заврши со 22 поени.

Мајами Хит ја елиминираше Атланта Хоукс со 4-1 на истокот, откако синоќа славеше на домашен терен со 97-94. Виктор Оладипо со 23 поени беше најдобар поединец кај Хит во отсуство на Џими Батлер, додека кај поразените недоволни беа недовлни беа 35 поени на Деандре Хантер.

Се вчитува...