Морант: Многу важна победа во натпревар ‘да се биде или не’, одиме понатаму…

Сензацијата на овогодишното издание на НБА лигата, Мемфис стигна до изедначување во четвртфиналната серија (1-1) против Голден Стејт откако на домашен терен славеше со 106-101 на крилја на Џа Морант.

Бекот кој прераснува во супер-ѕвезда го предводеше својот тим со 47 поени, 8 скока и 8 асистенции, од кои 13 во последните 12 минути и покрај тешкиот удар во лицето во третата четвртина, па не го криеше задоволството по тешката победа.

„Го користев тоа што нивната одбрана ми дозволи. Дилон беше важен дел од нашиот тим и во одбраната и во нападот, но имаме широк ростер, многу момци ни помогнаа во сезоната. Имав самодоверба пред мечот, се чувствувам мотивирано. Чувствував дека ова е натпревар да се биде или не, и ова е многу важна победа. Бев лут сам на себе по промашеното клучно положување во првиот натпревар. По тој меч Кари ми пријде и ми кажа: Ова ќе биде тешка битка, ќе се забавуваме. Сега и јас нему му го кажав тоа. Сакам да играм против играчи каков што е Кари, тој е голем талент, еден од најдобрите“, изјави Морант кој потоа продолжи за ударот кој го доби во третата четвртина.

„Гледам во средината, но не гледам од страна со десното око откако добив удар во борба за скок. Важно е дека победивме па фала Богу што совршено гледам со другото око“.

Се вчитува...