Мората два меча „на ладење“

Јувентус ќе мора да се снаоѓа без помошта на Алваро Мората на следните две калчолигашки средби откако шпанскиот голгетер беше казнет за црвениот картон заработен по завршувањето на саботниот дуел со Беневенто. Мората му приговори на судијата веднаш по последниот свиреж, по што веднаш следеше црвен картон за Шпанецот на „црно-белите“.

Оваа суспензија значи дека одличниот голгетер ќе го пропушти градското дерби против Торино, како и пресметката со Џенова на нашиот Горан Пандев. Пирло е принуден на овие две средби да му даде шанса на Дибала крај Кристијано Роналдо, во надеж дека Аргентинецот конечно ќе проработи и ќе почне да прикажува игри какви што се очекуваат од него.

Воедно, суспензии од по еден натпревари неиграње им беа изречени на Арслан од Удинезе и на Скиатарела од Беневенто.

Се вчитува...