Moрата има здравствени проблеми – Не е исклучено ниту крај на кариерата

Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Атлетико Мадрид Алваро Мората неколку дена не тренира со тимот, а причина за тоа е неподнослива болка, предизвикана од невралгија.

Станува збор за болна состојба која го зафаќа тригеминалниот нерв, еден од најважните на лицето и болката може да трае од една секунда до 2 минути. Дури и благо движења можат да предизвикаат болки кои ја зафаќаат десната страна од лицето.

Поради целата ситуација во моментов не е исклучен ниту крај на кариерата бидејќи прашање е како би играл со такви проблеми.

Се вчитува...