Атлетико Мадрид експресно се врати на победнички патеки по елиминацијата од Копа дел реј откако тимот на Диего Симеоне славеше на дуелот против Бетис со 2-1.
Алваро Мората ќе го памети долго овој дуел, откако голгетерот стана првиот играч во историјата на Ла Лига кој во еден ист натпревар изнудил пенал, потоа го промашил ударот од белата точка за до крајот на полувремето сепак да успее да постигне гол.
Мечот почна со подобра игра на тимот на Атлетико, кој со многу среќа дојде до водство од 1-0 откако по една мешаница топката го удри Силва и заврши во мрежата на Бетис. При 1-0 Мората не успеа да реализира пенал, но во 44. минута се исправи постигнувајќи гол откако рутински стрелаше во мрежата по една одбиена топка, прв гол на Мората по пауза од осум натпревари на кои не можеше да се запише меѓу стрелците.
Бетис во второто полувреме успеа да ублажи со прекрасниот гол на Карвалјо, но Атлетико ја задржа минималната предност до самиот крај, славејќи со конечни 2-1.
In LaLiga history, Alvaro Morata has just become the first player to :
✅️ Win a penalty
✅️ Miss a penalty
✅️ Then, score a goal… in the same match.
Some drama before he ends his eight-game goal drought. pic.twitter.com/4RyXVmQNar
— H/F (@hfworld_) March 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА