Мората нема да се пресели во Барса се додека Јуве не се договори со Икарди или Кавани

Трансферот на Алваро Мората во Барселона ќе зависи од тоа дали Јувентус ќе најде негова замена. Засега се шпекулира со имињата на Мауро Икарди и Едисон Кавани. Еден од нив ако се пресели во Торино, тогаш Мората ќе замине на „Ноу Камп“.

Барселона се интересира за Мората, и сака да го донесе уште во зимскиот преоден рок. Мората е позајмен на Јуве од Атлетико на две години позајмица, со можност да биде откупен неговиот договор од страна на тимот од Торино. Но, можно е да се случи Јувентус да се откаже, а на сметка на тоа Барселона да го откупи.

Но, од тимот од Торино стигна информација дека најпрво ќе бараат негова замена, па потоа е можен трансфер во Барса.

Се вчитува...