Мората за „минималец“ на Јуве против Специја (ВИДЕО)

Јувентус триумфираше со минимални 1-0 против Специја во натпревар од 28. коло во италијанската Серија А. Клучниот момент во натпреварот се случи во 21. минута кога Алваро Мората на асистенција на Мануел Локатели го постигна погодокот вреден три бода.

Со овој триумф „старата дама“ полека, но сигурно се приклучува во борбата за титулата во калчолигата. Во моментов избраниците на Масимилијано Алегри се на четвртата позиција со 53 бода, односно само пет помалку од лидерот Интер, кој има и натпревар помалку.

 

 

 

 

Се вчитува...