Морати: Интер секако може да го купи Меси, нема сомнеж во тоа

Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати верува дека „нераѕурите“ може во своите редови да го донесат Лионел Меси.

Аргентинецот со Барселона има договор до 2021 година, а поради турбуленциите во клубот би можел да ги смени плановите.

„Секако дека Интер може да го купи Меси, нема сомнеж во тоа. Има доволно средства и има желба и амбиции. Актуелниот претседател на Интер е човек кој размислува само за големи нешта и знам дека ќе успее во своите цели“ – вели Морати.

И поголемиот дел шпански и аргентински медиуми сметаат дека трансферот на Меси во Интер не е само сон, туку реалност која наскоро може да се реализира.

Се вчитува...