Морати ќе биде прв човек на италијанскиот фудбал?

Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати, ќе биде кандидат за нов прв човек на италијанскиот фудбал. Тој ќе се кандидира на изборите за претседател на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), а веќе ја има и поддршката од некогашниот „смртен непријател“ , Јувентус.

Како што информираат италијанските медиуми, Морати веќе имал средба со Андреа Ањели и ја добил поддршката на „старата дама“. Односите меѓу двата клуба беа многу нарушени во периодот додека Морати беше на кормилото на Интер и поради аферата Калчополи.

Морати исто така ќе оствари средба и со Гаетано Мичиче, претседателот на италијанската лига. Изборот за нов претседател на ФИГЦ треба да се одржи на 9.октомври.

Се вчитува...