Морено доби отказ, Нико Ковач седнува на клупата на Монако

Нико Ковач е подготвен за нов тренерски предизвик откако хрватскиот стратег ги договори условите за двогодишна соработка со Монако. „Кнезовите“ не беа задоволни од работата на поранешниот шпански селектор Роберто Морено, кому денеска му беше и официјално врачен отказ како најава за пристигнувањето на Ковач во „малото кнежевство“.

Морено пристигна Монако на крајот од 2019 година, помогна тимот да побегне од зоната за испаѓање, но преголемите осцилации во играта беа причина управата да биде незадоволна од работата на Шпанецот.

Весникот „Л’Екип“ открива дека сите детали од договорот со Ковач се веќе средени, а Нико ќе пристигне во Монако заедно со неговиот брат Ковач, кој ќе биде дел од стручниот штаб на „кнезовите“. За Нико Ковач ова ќе биде прв тренерски ангажман по добиениот отказ во Баерн Минхен, каде токму по неговото заминување баварскиот гигант предводен од Ханси Флик влезе во фантастична серија и ја освои двојната круна во германскиот фудбал.

Се вчитува...