Морено низ солзи: Оваа титула е за тебе, Рејес

Алберто Морено не одигра ниту една минута во големото финале, но пред заминувањето од Ливерпул (летово си оди од „Енфилд“ како слободен игра) се закити со големиот трофеј во Лигата на шампионите. Радоста беше измешана со голема доза на тага – бидејќи во текот на вчерашниот ден Морено остана без својот добар пријател и поранешен соиграч од Севилја, Хозе Антонио Рејес, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Токму затоа, шпанскиот ас на Ливерпул на церемонијата за доделување на медали се појави во маица со слика од него и Рејес, со порака „Те сакам, брату“.

Вчерашното финале во Мадрид почна со едноминутно молчење во чест на Хозе Антонио Рејес.

Се вчитува...