Актуелнниот АБА шампион, Црвена Звезда си ја закомпликува ситуацијата околу пласманот во плеј-офот на регионалното натпреварување откако доживеа пораз на гостувањето во Бар во дуелот со Морнар од 19. коло. Црногорскиот тим славеше со 71-63 и сега двете екипи заедно со Цедевита Олимпија имаат идентичен биланс од по 12 победи и седум порази со што што белградскиот тим се наоѓа на третата позиција, а Морнар е петтопласиран.
Звезда успеа да намали на едноцифрена предност во финишот од средбата,но не можеше да направи пресврт бидејќи доцна почна да игра на потребното ниво. На крајот од третата четвртина Морнар имаше и 24 поени предност. Звезда беше особено лоша во првото полувреме, во воведната четвртина псотигна само девет поени.
Урош Луковиќ со 23 поени беше лидер во победата на Морнар, Пулен постигна 13, а Вајтхед 10 поени. Кај Звезда, Пантер со 22 поени беше прв стрелец, Барон постигна 16 поени. Во следното коло, Морнар се среќава со Будиќност, а Звезда со Цедевита Олимпија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА