Мотор ја има првата победа во новата сезона во ЛШ

Украинскиот првак Мотор Запорожје славеше убедлива победа против рускиот Чеховски медведи со 36-23 во натпреварот со кој официјално почна новата сезона во ракометната Лига на шампионите.Украинскиот тим „се одлепи“ во финишот на првото полувреме, а во вториот дел Украинците ја потврдија својата доминација и ги запишаа првите бодови во групата Д. Литванскиот среден бек Аиденас Маласинскас го предводеше Мотор со седум гола.Во другите натпревари од Д групата, Металург во сабота му гостува на Монпелје, а Бешикташ го пречекува Спортинг Лисабон.Во вториот денешен натпревар од 1.коло во Лигата на шампионите, во групата Ц, Кадетен Шафхаузен го победи Елверум со 36-30.

Се вчитува...