Може ли Вардар до победа над Ренова!? Во Струга битка за Европа…

Надежта последна умира… За Вардар. Црвено-црните денеска можеби и последната сламка во битката за спас сезонава, на дуел против Ренова на домашен терен во 27. коло од ПМФЛ во кој ќе се бркаат бодови.

Желбата е „вардарци“ да го заборават срамниот дуел против Силекс во Кратово и да се насочат кон можноста за освојување бодови со Ренова, иако јасно е дека ќе биде повеќе од тешко и против „гипсарите“.

Покрај битката за опстанок, до крајот на првенството фокусот ќе биде и во трката за третото место на табелата. Македонија ЃП посакува бодови и против Борец, а интересно ќе биде во Струга каде во директен дуел ќе се пресметаат Струга ТЛ и Работнички.

„Ќе недостасуваат неколку фудбалери, капитенот Горан Силјановски и Лука Станковски поради пет жолти картони, како и повредените Стојкоски, Лазаров, Пецов, Петковски…Но, тимски ќе се бориме за да оствариме позитивен резултат во Струга. Тоа нема да биде воопшто лесно, затоа што Струга Трим Лум е одличен тим и посебно добро игра на својот стадион. Но, јасно е дека следува разврската за третото место и ќе се обидеме да бидеме најдобри што знаеме и умееме“ – вели тренерот на Работнички. Александар Влахо.

ПРВА ЛИГА – 27. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА

Битола: ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС

Скопје: ШКУПИ – БЕЛАСИЦА

Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ

Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ

Се вчитува...