Можна ли е промена? Македонија на ЕП место во Романија и Холандија, во Англија!?

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) започнала преговори со Англиската фудбалска асоцијација за комплетно преземање на организацијата на Европското првенство следната година.

Па европскиот шампионат, на кој ќе учествува и Македонија, место во 12 различни градови низ Европа да се организира единствено на Островот.

Според информациите кои ги пренесува „Дејли мејл“, поради страв од Ковид-19, се поотворено се разгледува можноста Европското првенство 2020 да се игра само во една држава. Англичаните се подготвени сами да го организираат шампионатот поради што почнале преговори со УЕФА.

Ставот на УЕФА засега е да се остане на првичната идеја за турнир во 12 различни земји, но свесни се и дека, поради постоечки ризици, можно е одлуката да биде променета. Конечната одлука околу тоа ќе биде донесена за два месеци.

Македонија е во Ц-групата на Европското првенство заедно со селекциите на Холандија, Австрија и Украина. Два натпревари Македонија ќе игра во Букурешт, против Австрија и против Украина, а последниот е против Холандија во Амстердам.

Се вчитува...