Можна ли е „скандинавска местенка“ и на СП во ракомет?!

Многумина се сеќаваат на мечот од групната фаза од фудбалското ЕВРО 2004, кога Данска и Шведска ремизираа 2-2, единствен резултат што им одговараше на двете селекции да се пласираат во следната рунда и да ја елиминираат Италија од овој континентален собир.

Неполни 15 години подоцна, истите две селекции ќе играат во последното коло од ракометното СП и имаат можност повторно да направат „дил“, за да ја елиминираат Норвешка. Ситуацијата е следна, Данска е на врвот на табелата со осум бода, пред Норвешка и Шведска со по шест. Данците веќе ги победија Норвежаните со 30-26 уште во првата фаза, во во минатото коло Норвешка ја совлада Шведска со 30-27. Така, доколку вечерва се случи Швеѓаните да слават над Данска и Норвешка го добие својот меч со Унгарија, ќе се формира круг од три селекции со по осум бода, при што ќе решава гол-разликата во меѓусебните дуели.

А со тоа почнуваат и математиките… Шведска и Данска можат да минат заедно ако Шведска победи со точно два гола разлика (доколку Швеѓаните постигнат најмалку 30 погодоци), или пак со три, четири или пет погодоци (доколку Данска постигне најмалку 27 погодоци).

Сакаме да победиме“ – порача данскиот селектор Николај Јакобсен во пресрет на денешниот дуел, но потоа додаде: „Сепак, ако се најдеме во незгодна ситуација ќе настојуваме да не загубиме со повеќе од четири гола разлика.

Се вчитува...