„Можно е Швед веќе никогаш да не заигра кошарка“

Кошаркарот на ЦСКА Москва, Алексеј Швед, беше пуштен од болница пред два дена, откако беше нападнат од насилници во ресторан.

Агентот на Алексеј Швед, Србинот Обрад Фимиќ изјави дека повредите на кошаркарот на ЦСКА здобиени по нападот во Москва може да имаат доживотни последици.

„Рано е да се носат какви било заклучоци во врска со здравствената состојба на Алексеј. Швед има многу сериозни повреди на главата. Тие можат да имаат опасни последици по неговиот живот. Најважно во оваа приказна е што Алексеј преживеа. Се уште е многу, многу рано да се зборува за време на опоравување и можно враќање. Дури и со лесен тренинг. Рано е да се прогнозира кога и дали Алексеј ќе и се врати на кошарката“, изјави Фимиќ. 

На првиот ден од мај, Алексеј Швед беше нападнат од мала група насилници во ресторан во центарот на Москва, откако се обидел да ја заштити својата сопруга Анастасија Зијадитинова. Дошло до инцидент, а потоа и тепачка каде четворица агресивни мажи со тупаници го нападнаа кошаркарот.

Се вчитува...