Можно ли е Челси да оди во стечај – Владата на Британија повторно во војна со Роман Абрамович!?

Роман Абрамович и Владата на Британија повторно се најдоа во судир. Овојпат Роман е тој кој може да ја кочи продажбата на Челси преку фирмата „Кемберли интернешнл инвестментс“, која е дел од сопственичката структура на клубот и има побарување од 1.6 милијарди евра.

Пред неколку денови беше објавено дека Абрамович конечно го продава клубот на сопственичка структура предовдена од Тод Боли кој се согласил да плати близу пет милијарди долари за да го добие лондонскиот клуб.

Според новинарот на „Скај“, Марк Кајман, купопродажбата може да пропадне бидејќи Русинот наводно не го обезбедил потребното осигурување на лиценцата за да може да ги добие бараните 1.6 милијарди евра.

Британската Влада му даде период на Челси да изврши трансформација на власта до 31. мај, рок што мора да се запази, за да не дојде до големи проблеми кај клубот од Лондон.

Во случај да не се постигне договор, Челси би се нашол во големи проблеми бидејќи би му се заканувало стечај и исфрлање од Премиер-лигата и ЛШ.

Се вчитува...