Можно ли е? Северна и Јужна Кореја со Кина и Јапонија го организираат Мундијалот 2030!?

Јужна Кореја заедно со Северна Кореја и Кина и Јапонија планираат заедничка кандидатура за организација на Светското фудбалско првенство во 2030 година.

Како што е познато, претходно најава за заедничка кандидатура поднесоа Велика Британија и Ирска како и Шпанија и Португалија. Дека Мундијалот за 12 години би бил во повеќе земји потврда е кандидатурата и на Мароко, Алжир и Тунис.

И од јужноамериканскиот континент има најава за здружена апликација за добивање на Мундијалот 2030. Станува збор за Аргентина, Уругвај и Парагвај.

Од Јужна Кореја сакаат заеднички со Северна Кореја да бидат домаќини и на Олимписките игри во 2032 година.

Се вчитува...