Мрачните „тајни“ на Џорџ Бест: Во врска со пријателката на сопругата, тешка борба со алкохолот, обиди за силување…

Џорџ Бест, без сомнение, е едно од најславните имиња на Манчестер јунајтед. Но, и име кое во текот на целата своја кариера, а и потоа, се поврзува со неконтролиран живот, огромни количини алкохол и жени.

„Се обиде двапати да оди на лечење од пороците, но тоа беше тотално бескорисно. Се што направи таму беше секс со една жена која исто така се лечеше“ – открива сопругата на Џорџ, Енџи Бест дел од „мрачните тајни“ од животот на славниот фудбалер.

„Знаеше да побегне од клиниката и да оди да спие со мојата најдобра пријателка. Сокривме и еден случај кога се обиде на сила да ја однесе во кревет и мојата сестра која му се спротиставувала. Сепак, и двете не сакавме да пријавиме во полиција случај на обид за силување затоа што знаевме дека е во фаза на лечење и тоа дополнително ќе го скршеше“ – вели Енџи, потсетувајќи се дека дала многу напор да го тргне од пороците.

„Секое утро го терав да зема таблети, кои измешани со алкохол предизвикуваат стомачни проблеми и повраќање. Морав постојано да проверувам дали навистина ги зема или не, но често ги откривав денови потоа по неговите џепови“.

По три години брак, одлучиле да живеат одвоено, а после пет години и се развеле.

„Жал ми е што не е тука да го гледа својот син, но јас не можам ништо околу тоа… Тоа беше негов избор. Алкохолот го сакаше повеќе од животот“ – вели Енџи.

Џорџ Бест почина во 2005 година на 59-годишна возраст. За Манчестер јунајтед играше од 1963 до 1974 година, постигнувајќи 137 гола на 361 натпревар. Има и 37 настапи за селекцијата на Северна Ирска.

Се вчитува...