МТКФ годинава ќе одбележи голем јубилеј, 50 години карате во Македонија

По повод големиот јубилеј 50 години карате спорт во Република Македонија (1967-2017) и 50 години активно бавење со карате на Венцислав Недев 9 дан, претседател и основач на МТКФ како и единствен активен каратист од првата генерација на каратисти во РМ, Македонската Традиционална Карате Федерација ќе одржи втора Свечена карате академија и карате семинар со светските карате легенди браќата Илија и Владимир Јорга, основоположници на југословенското и македонското карате.

Seminar-so-Jorga---Plakat-2017Илија Јорга беше прв селектор на најуспешната југословенска карате репрезентација на сите времиња, повеќекратен европски и светски шампион, а Владимир Јорга е прв претседател на Карате сојузот на Југославија и во моментов е претседател на Европската карате федерација.

50 god Karate - Logo

Семинарот ќе се одржи на 30 септември и 1 октомври 2017 година во Будо Карате Центарот “Недеви“. На овој ден точно пред 50 години, во 1967 година, д-р Илија Јорга го одржа првиот карате семинар во салата на ДТВ Партизан 3 во Скопје.

Исто така за време на јубилејот ќе се одржи и Свечена карате академија на која ќе бидат одликувани сите спортисти, тренери и спортски работници кои дале придонес за развојот на карате спортот во Република Македонија.

Се вчитува...