Му донесе светска круна на Баерн, па се разболе од коронавирус

Баерн Минхен остана без уште еден стандарден првотимец поради коронавирус откако при последното тестирање позитивен резултат доби францускиот репрезентативец Бенжамин Павар.

Десниот бек минатата седмица го постигна победничкиот гол во финалето од клупскиот мундијал со Тигрес, но веднаш по враќањето назад во Минхен покажал симптоми на болеста. Павар поради тоа не настапи на последниот меч со Арминија Билефелд, а по добивањето на позитивниот тест тој заминал во самоизолација.

Добра вест за тренерот Флик е камбекот на Горецка и Хави Мартинез, кои добија негативни тестови на Covid-19, веќе неколку дена тренираат со полна пареа и би требало да се вратат на следниот бундеслигашки дуел, в сабота на гостински терен против Ајнтрахт.

Се вчитува...