Пеп Гвардиола, без сомнение, е една од најпрепознатливите личности во Манчестер. Но, тоа не значи дека има привилегија кога е во прашање почитувањето на сообраќајните правила во градот.
По вчерашниот тренинг на Сити, Гвардиола застанал во градот со неколку обврски за завршување, но го паркирал автомобилот на недозволено место. Такви нешта во Манчестер не се простуваат, па иако се задржал само десет минути кога се вратил имал што да види.
Добил казна од полицаец, кој откако видел дека тоа е возило на Пеп се обидел да му објасни дека тука не смее да паркира. А, веќе во следната минута полицаецот побарал од Гвардиола една заедничка фотографија, но добил одговор кој ги изнасмеал сите присутни во близина…
„Сакаш фотографија? Е, тогаш мораш да платиш за таа фотографија“ – му одговори Гвардиола додека си ја земаше казната која ја доби.
🚨| Pep Guardiola received a parking ticket today 🤣
— CentreGoals. (@centregoals) August 21, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА