Муани ги налути челниците на Ајнтрахт: Никој не смее да го уценува клубот

Коло Муани создаде сериозен проблем во Ајнтрахт откако францускиот голгетер се појави во интервју за телевизијата „Скај“ и јавно побара од челниците на клубот да му дозволат да се пресели во ПСЖ.

Францускиот гигант преговара за да го доведе Муани на „Паркот на принцовите“, челниците на ПСЖ веќе понудија вкупно 70 милиони евра, но Ајнтрахт не отстапува од ставот што го има од самиот почеток на преодниот рок – Коло Муани вреди 100 милиони евра.

„Многу му должам на Ајнтрахт, навивачите ми се при срце, а јас секогаш сум давал се за клубот. Сепак, не е тајна дека ПСЖ испратил рекордна понуда за мене, трансфер во Париз е шанса што ретко се укажува. Сакам да си заминам и веќе им го кажав тоа и на челниците на Ајнтрахт, се надевам дека ќе ја прифатат понудата на ПСЖ“, изјави Коло Муани за „Скај“.

Ова интервју воопшто не било одобрено од клубот, а згора на тоа од луѓе блиски до голгетерот стигнала и закана дека Муани во следните денови ќе прекине со тренинзи ако не му биде дозволен трансфер.

„Ајнтрахт е поголем од сите нас… Никој не смее да го уценува клубот“, гласела пораката од клупските челници до Коло Муани.

Се вчитува...