Муарем Бајрами: Задоволен сум како Македонија ЃП ги одработи подготовките

Шефот на стручниот штаб на актуелниот освојувач на националниот куп, Македонија Ѓорче Петров, Муарем Бајрами ги сумираше впечатоците по одработените подготовки на тимот во Анталија и Хрватска за продолжението на сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Тој вели дека е задоволен од тоа што го видел од неговите фудбалери пред финишот на подготовките кои ќе ги одработат во Скопје.

„Задоволен сум од тоа какви услови имавме во Хрватска и Турција за работа и убеден сум дека направивме квалитетни подготовки од кој со сигурност ќе имаме бенефит во првенството, како физички, така и во тактички аспект.  Имаме уште неполни 10 дена за работа пред почеток на првенството. Подготовките ги продолжуваме во Скопје и работиме напорно за максимално да бидеме спремни за натпреварот со Академија Пандев“, изјави Бајрами. 

Се вчитува...