Украинскиот фудбалер Михаило Мудрик имаше се договорено со Арсенал во јануарскиот преоден рок, но во последен момент се одлучи на потпис со Челси до јуни 2030 година.
Челси за него даде 70 милиони евра, а вклучувајќи ги и бонусите целиот трансфер би можел да биде 100 милиони евра.
Но, само две недели по феноменалниот трансфер Мудрик се наоѓа во центарот на скандал кој може долго време да го остави надвор од терените. Како што пренесуваат дел од англиските медиуми, Англискиот фудбалски сојуз покрена официјална истрага против Мудрик поради спорно видео.
Во видеото снимено во 2022 година, а кое Мудрик го објави на својот Тик-Ток профил, се користат понижувачки и навредливи зборови за луѓе со црна боја на кожата, што во Англија ниту најмалку не се толерира.
🚨 The FA have opened an investigation into Mykhalyo Mudryk for a TikTok video posted in July 2022 where the Ukrainian uses the N-word.
— Barstool Football (@StoolFootball) January 31, 2023
Англискиот фудбалски сојуз веднаш почна истрага, а доколку се утврди казна тогаш, според правилата на сојузот, може да го очекува и повеќемесечна суспензија. Во случајот се вклучи и Челси кој најави дека наскоро ќе има и соопштение околу спорното видео на Мудрик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА