Мухарем по четири години се врати во Шкупи

Шкупи донесе уште едно засилување во своите редови откако вечерва беше официјализиран потписот на Сухејл Мухарем, 23-годишниот офанзивен играч за врска кој потпиша договор со прволигашот од Чаир.

Мухарем е поранешен член на младинската школа на Шкупи, од каде најпрвин беше позајмен во Ренова, потоа во Македонија настапуваше и за Работнички и за Струга ТЛ, а последен клуб му беше косовскиот Фероникели, каде ги мина последните шест месеци пред да се врати назад во мак-фудбалот.

„Добредојде таму каде што сè започна, Сухејл Мухарем. 💙 Овие бои ги носеше со гордост. Замина како еден од нас. Сега се враќаш — не само како фудбалер, туку како дел од семејството. Приказната продолжува… и ова поглавје ќе биде уште посилно. Еднаш ФК Шкупи, засекогаш ФК Шкупи“, објавија чаирчани на клупската фејсбук-страница.

Се вчитува...