Мулаомеровиќ е нов предводник на Хрватска

Кошаркарската репрезентација на Хрватска во иднина ќе биде предводена од Дамир Мулаомеровиќ, потврди федерацијата на „коцкестите“. На селекторското место 47-годишникот ќе го наследи Вељко Мршиќ кој не успеа да се прослави во квалификациите за Олимписките игри.

Мулаомеровиќ во својата кариера ги предводеше Слобода Тузла, Цибона, Приштина и Цедевита Јуниор, а беше и селектор на Косово и Босна и Херцеговина.

Се вчитува...