Мундијалот низ бројки – најмногу навивачи, директни преноси и милион литри пиво

Светското фудбалско првенство во Русија е едно од најдобро организираните во историјата. Тоа го истакна и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, како и бројни истакнати личности од светот на фудбалот.

Мундијалот во Русија освен по крахот на фаворитите, ќе остане запаметен и по некои други факти. Ова е СП со најголема посетеност од навивачите, со рекорден број директни преноси, но, и со многу испиено пиво.

На 64 одиграни натпревари, сите сатдиони беа полни речиси до последното место. Љубителите на фудбалот беа присутни во голем број и во фан зонитеи низ руските градови каде што се играа натпреварите од СП. Статистиката покажува дека Русија за време на Мундијалот ја посетиле дури 7.7  милиони навивачи, што е за 2.5 милиони повеќе од Мундијалот во Бразил.

Најмасовна посета, кога се навивачите, е забележана во текот на натпреварот  меѓу Русија и Уругвај, кога во фан зоната имало дури 500 илјади навивачи.

Навивачка зона со најмногу посетители била во Москва низ во текот на СП поминале над 2 милиони љубители на фудбалот.

Во фан зоните организирани се директни преноси од натпреварите од дури 917 часа, а во забавниот дел навивачите ги забавувале дури 646 музички групи.

На Мундијалот во Русија се набавија и дополнителни залихи со пиво. „Бадвајзер“ беше официјален спонзор на Мундијалот и најпродавано пиво. Во фан-зоните и на стадионите испиени се милион и 450 илјади литри пиво.

Се вчитува...