Мундијалот во Русија ги помести границите

Светското фудбалско првенство што се одржа минатото лето во Русија е најмасовно во историјата. ФИФА ги објави официјалните бројки кои потврдуваат дека Мундијалот во Русија го следеле 3 милијарди и 500 милиони луѓе што е речиси половина од целата светска популација.

Околу три милијарди и 200 милиони луѓе гледале барем една минута од СП во Русија преку ТВ екраните, додека 309 милиони ги следеле преносите преку дигиталните платформи.

Милијарда и 120 милиони луѓе го гледале финалето меѓу Франција и Хрватска, а просечната гледаност по натпревар изнесува 191 милион луѓе.

Во извештајот од ФИФА се нагласува и дека во однос на претходното СП, во Русија е забележан раст во однос на должината на следење на програмата од Мундијалот. Речиси 2,5 милијарди луѓе следеле најмалку 30 минути од програмата во Русија во живо, што е многу повеќе во однос на претходното СП во Бразил.

Се вчитува...