Астон Вила го урна клупскиот рекорд за најскап трансфер откако плати 52 милиони фунти за Јохан Манзамби од Фрајбург. Младиот Швајцарец беше еден од „бисерите“ кои блеснаа на овој светски шампионат со добри игри за својата репрезентација, со што значајно скокна и неговата цена на пазарот.
Њукасл долго беше во водство во трката за потписот на овој 20-годишен фудбалер, но „црно-белите“ повторно не финишираа, па извисија во последен момент, Вила влезе во игра, експресно ги договори личните услови со Манзамби, по што се договори и со Фрајбург и денеска го комплетираше овој мегатрансфер.
Манзамби со потписот го урна рекордот на Амаду Онана, кој пред две години беше платен на Евертон за 50 милиони фунти.
Астон Вила не планира да застане, па во завршна фаза се преговорите и за ангажман на Жоао Гомеш, португалскиот интернационалец кој ќе пристигне за 38 милиони фунти од редовите на Вулверхемптон.
Вила го продаде Тилеманс на Манчестер јунајтед за 35 милиони фунти, а во завршна фаза се и преговорите со ПСЖ за продажба на левиот бек Лука Дињ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
