Муниаин му донесе предност на Атлетик Билбао

Атлетик Билбао славеше со 1-0 на првиот полуфинален дуел од Копа дел реј против Гранада, па баскискиот клуб со минимална позитива ќе патува на реваншот, во обид да осигура ново финале во ова натпреварување.

Муниаин беше човекот на одлука постигнувајќи го победничкиот погодок на асистенција на Ињаки Вилијамс. ВАР прегледуваше дали Вилијамс ја смири топката со рака или со гради, но на крајот погодокот беше признат, на воодушевување на домашните фанови на „Сан Мамеш“. Атлетик до крајот успеа да постигне и втор гол, токму преку Вилијамс, но истиот беше поништен со ВАР.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Реал Сосиедад и второлигашот Мирандес.

Се вчитува...