Мурињо: Ако некој тим не смее да плаче поради ВАР тоа е Јунајтед

Тотенхем Хотспур го декласираше Манчестер Јунајтед на гости со 1-6 во меч од четвртото коло во Премиер-лигата. По натпреварот менаџерот на Тотенхем Хотспур, Жозе Мурињо изјави дека доколку некој тим не смее да плаче поради ВАР технологија тоа е Манчестер Јунајтед.

„Ако некој тим треба да плаче поради ВАР тоа е Тотенхем. Ако некој тим не смее ни да помисли околу нешто такво тоа е Манчестер Јунајтед. Крај на приказната“, изјави Мурињо. 

Спорната ситуација на мечот се случи во првото полувреме кога по едно кошкање во петерецот на домаќините Марсијал му удри шамар на Ламела по кое беше исклучен.

Се вчитува...