Мурињо: Артета во Арсенал…на тоа сите можеме малку да се насмееме

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, на малку чуден начин го изрази ставот за ангажманот на Микел Артета за нов менаџер на Арсенал. На Португалецот воопшто не му се допаѓа трендот на доведување на тренер без искуство во така реномиран клуб.

„Единствено оправдание во потегот на Арсенал, а на тоа можеме сите малку да се насмеме, го гледам во фактот дека порано најдобри менаџери беа оние со најмногу победи, а сега се оние со најмалку порази. Погледнете го Анчелоти, на пример. Човекот има три титули во Лигата на шампионите, освојувал купови, победувал во Италија, Франција и во Италија. Јас имам околу 180 порази, Карло е малку повозрасен од мене, има и повеќе…Сега испаѓа дека најдобри се менаџерие со нула порази“, изјави Жозе Мурињо.

Микел Артета досега беше асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, а доби шанса да седне на клупата на Арсенал.

 

Се вчитува...