Мурињо: Бев во право кога е во прашање Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед зад себе има уште една сезона за заборав. „Црвените ѓаволи“ не само што не успеаја да се прослават во Лигата на Шампионите и Премиерлигата, туку нема ни да бидат во најсилното европско натпреварување следната сезона.

Ситуацијата во Манчестер не пропушти да ја прокоментира Жозе Мурињо кој го предводеше тимот од 2016 до 2018 година притоа освојувајќи ја Лига Европа и англискиот Куп. Воедно ова е последните трофеи кои ги освои Манчестер Јунајтед.

„Навивачите на Јунајтед се посебни, а во клубот има многу добри луѓе. Не ми е мило што бев во право, но знаев дека ќе бидам. Според мене кога работите не одат како што треба, потребно е да се промени менталитетот на клубот, а тоа не се случи. Знаев дека моето заминување нема да ги реши проблемите. Им посакувам се најдобро“, вели Мурињо.

Се вчитува...