Мурињо: Да сум на местото на Абрахам би се жалел до ФИФА и би ја сменил репрезентацијата

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, даде интересен коментар околу Теми Абрахам откако тој не се најде на списокот на Англија за настап на Мундијалот во Катар. За напаѓачот на Рома немаше место во националниот тим на Англија.

За португалскиот тренер не е нормално тоа во селекцијата на Англија да се најдат играчи кои немаат одиграно ниту еден цел меч, а да нема место за Абрахам. Мурињо, како што кажа, се смешни оправдувањата на селекторот Саутгејт за изоставувањето на напаѓачот.

„Саутгејт кажа дека Абрахам е во слаба голгетерска форма во лошо време? Какво детско оправдување. Мора да дојде до Теми и да му каже дека не е во омилената боја. Затоа што Филипс играше само 56. минути и тој го одбра. Јас да сум Теми, сега би отишол до ФИФА, и би се пожалил дека мојата интернационална кариера е саботирана од друга земја, и би барал дозвола да играм за мојата законска земја, а тоа е Нигерија. Тоа е мојот предлог до него“, рече Мурињо. 

Сепак, предлогот на Мурињо ќе остане само пуста желба, затоа што според правилата на ФИФА, Абрахам нема шанси да ја смени репрезентацијата затоа што за Англија има одиграно 11 меча.

Се вчитува...